ЗА ЕДС

За Фероинвест Групацијата

Фероинвест е динамична, пазарно ориентирана и флексибилна групација, формирана во 2003 година и денес брои приближно 600 вработени. Составена е од неколку компании кои делуваат во металопреработувачката индустрија, како и во областа на обновливи извори на енергија и трговија со електрична енергија. Нудиме комплексни и мултидисциплинарни производи и услуги како резултат на темелното познавање на индустријата и бизнис опкружувањето во Македонија и Југоисточна Европа. Фокусот кон индустријата ни овозможи да развиеме богато разбирање и препознавање на бизнис интересите на клиентите, а знаењата и вештините кои ги поседуваме ни овозможуваат генерирање на решенија кои најдобро ги отсликуваат специфичните потреби и потенцијали на различни сегменти од индустријата. Гаранција за нашата ефективност е и желбата секогаш да привлечеме нови таленти, да ги подобриме нашите деловни перформанси, континуирано да ги продлабочуваме нашите знаења за индустријата и да ги обновуваме нашите погледи и проекции за бизнисот во услови на глобализација на економијата во современиот свет.

Фероинвест како модерна бизнис групација корпоративно е организирана врз принципот на самостојно пазарно дејствување на членките и интегриран менаџмент за заедничките потреби и интереси. Секоја компанија или организационен субјект на Фероинвест, делува правно и економски независно. Со секоја компанија раководи посебен управен одбор. Управните одбори на сите членки се состојат од искусни луѓе во бизнисот, дизајнери и инженери, кои се дел од една мотивирана, ефикасна и иновативна корпоративна култура.

Како групација, Фероинвест ја сочинуваат следните компании: Брако, Аквават, Мали Хидро Електрани, Езеро МХЕ, Другово-Студеница, Хидро Осогово и Energy Maintenance Solutions.

За повеќе информации за Групацијата Фероинвест, посетете ја веб страницата www.feroinvest.com.mk