Бизнис
корисници

Како да станете наш корисник?

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е процес којшто е започнат и веќе длабоко навлезен со својата завршна фаза. Голем број од компаниите го направија својот избор на добавувач на електрична енергија. Исходот од нивниот правилен избор се покажа на првите доставени фактури каде е евидентирана заштеда од околу 30%.

Што значи либерализација на пазарот на електрична енергија, зошто треба да се информирате, што е потребно да знаете и како да го направите правилниот избор за вашата компанија прочитајте во делот "дознај повеќе" на првата страна.

За да направите правилен избор треба да се информирате, ние може да ви изработиме бесплатна анализа за тоа колку би заштедиле доколку станете наш корисник. Потребно е само да се јавите на телефонскиот број 02 55 11 031 и да ги оставите податоците за Вашата компанија и ќе Ве контактираме во најскоро време со подготвена анализа.

Истата можете да ја направите и на нашата веб страна. Изберете го полето Бизнис корисници, потоа одете во полето Генератор на понуди и во означените полиња ги внесувате податоците за Вашата компанија како и Вашите контакт информации.

Во полето Додај фактура ја внесувате прво фактурата за месец јуни 2014 година. Врз основа на таа фактура ќе одредиме во која категорија потрошувачи припаѓате. Потоа ќе може да внесувате фактури и за другите месеци.

Доколку внесете повеќе сметки од изминатите месеци во генераторот, поголема ќе биде и точноста на нашата анализа.

По ова, Вашата анализа со пресметка за тоа колкави ќе Ви бидат месечните издатоци за потрошената електрична енергија ќе Ви биде испратена по електронска пошта.

Вашите податоци и податоците за Вашата компанија - име, единствен даночен број, адреса, веб адреса, лице, телефон и маил за контакт како и фактурата од јуни 2014 година можете да ги испратите и на маил info@eds.mk со истата цел - подготовка на анализа.

Откако ќе ја добиете анализата можете да го направите вистинскиот избор и да станете корисник на услугите на ЕДС со набавување на електрична енергија по најповолни услови.