Бизнис
корисници

Бизнис корисници

Од 1 април 2014 година, големите и средните компании во Македонија се дел од либерализираниот пазар на електрична енергија, со што имаат можност да го изберат најсоодветниот снабдувач на електрична енергија за својата компанија. Наскоро либерализираниот пазар ќе им биде достапен и на малите компании.

За сите категории на компании, ЕДС креираше специјални висококвалитетни понуди, со цени најсоодветни за нашиот пазар. Со одбирањето на ЕДС како ваш снабдувач на електрична енергија добивате стабилен и сигурен партнер во вашето понатамошно работење.